Приказната која го обиколи светот - Чичкото со големо срце за Бразил

Сигурно го забележавте чичкото со бели мустаќи кој го прегрнува трофејот на трибините во Бразил.

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-1.jpg

Еден од највеселите ликови на малите екрани сè до последниот катастрофален меч за Бразил, кога го претрпе најголемиот пораз од Германија.

Секој го препознаваше додека го бакнуваше трофејот, верувајќи дека Бразил е сигурен патник во финалето.

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-01

Но, во еден момент се случи првиот гол да ја затресе бразилската мрежа. По него следуваа и вториот, третиот....сè до седмиот.

Неговиот лик беше еден од најтажните и најразочараните кои ви го растопуваат срцето .

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-2.jpg

Фудбалската бајка за Бразил заврши.

Но, големината на овој човек продолжи. Тој им го подари трофејот на германските навивачи со зборови низ солзи: „Однесете го во финале. Како што гледате, не е лесен, но вие го заслуживте. Ви честитам.“

Можеби Бразилците немаа добра одбрана, но имаат големо срце. Ако помисливте дека ова е прв и последен мундијал за чичко Кловис, не бидете толку сигурни.

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-4.jpg

Кловис Фернандез бил на 7 светски првенства, па себеси се нарекува 12-ти играч во репрезентацијата. Поминал низ 60 земји за да гледа 150 натпревари во кои играл Бразил.

Првпат бил на првенството во Италија во 1990 година

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-5.png


Потоа во САД во 1994 година


Години подоцна истиот тој е и на трибините во Германија во 2006 година

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-7.jpg


Исто така и во Јужна Африка во 2010 година.

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-8.jpg

„Се сеќавам на Светското првенство во Мексико во 1970 година кое го гледав на телевизија и оттогаш мојата страст за фудбалот почна да расте.

Откако ја доживеав таа емоција на адреналин и страст си ветив дека еден ден ќе бидам на Светското првенство и ќе го следам Бразил до финалето.

Сонот ми се оствари во 1990 година во Италија. Тоа беше моето прво Светско првенство и оттогаш сè уште ја имам истата страст.

Бидете сигурни дека јас ќе бидам играчот со најмногу појавувања за бразилскиот тим“

prikaznata-za-najprepoznatliviot-brazilski-navivac-na-tribinite-9.jpg

Го очекуваме да се појави и во 2018 година на следното Светско првенство.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg