Лифтинг на дланките за совршено селфи со венчалниот прстен?
На лудите идеи и опсесиите им нема крај. Некои сакаат да се буквално во секој чекор со сè што е во моментот популарно, па дури и по цена на операција.
Најновиот хит е лифтинг на дланките за да може да направите совршено селфи со вашиот венчален прстен.
Некои девојки навистина живеат за тој момент кога на сите ќе им соопштат дека го кажале судбоносното „Да“ или дека добиле прстен со многукаратен дијамант.
По тој повод, првата фотографија што ќе ја објават треба да биде толку совршена што се подготвени да прават и лифтинг на дланките само за селфито на Инстаграм да изгледа најдобро што може.
Со помош на инјекцијата Juvéderm се пополнуваат сите брчки на кожата, сето тоа се изведува за 10 минути, има трајност од 9 месеци и чини $1.200 долари.
Колку сте подготвени вие да направите за едно совршено селфи?