Оваа фотографија сте ја виделе безброј пати, но дали знаете како настанала?
Компанијата Microsoft оваа недела се потсетува на својата историја, па по тој повод објави видео снимка за фотографијата која некогаш се наоѓаше на сечиј десктоп.
Фотографијата со зелена трева и сино небо, некогаш беше стандардна позадина на секој компјутер со оперативен систем Windows XP, воведен уште во 2001 година.
Видеото околу настанувањето токму за оваа фотографија открива дека не е користен Фотошоп во финалниот производ.
Фотографирана е во 1996 година, од страна на Чарлс О’Рири.
„Фотографирана е во близина на мојата куќа, северно од Сан Франциско. Денот беше таков. И не, не е преработена во Фотошоп.“
Додека се возел по автопатот во Калифорнија, одлучил да ја овековечи прекрасната глетка. Неколку години подоцна, Microsoft му исплатил неверојатна сума за оваа фотографија.
А, ова славно место во 2013 година изгледаше вака:
Погледнете ја целосната приказна: