Македонска фото-приказна на филмскиот хит „Maleficent“
Во рамки на светските стандарди, младиот и талентиран фотограф од Прилеп, Ѓорѓи Десподов, ја преработи приказната за „Трнорушка“ во македонска верзија.
Главната улога ја има младата Валерија Преспаноска, која на едноставен и шармантен начин ја замени Анџелина Џоли.
Со голема идеја, креативност и напорна реализација, младиот Ѓорѓи Десподов раскажа една сосема поинаква филмска приказна.
„Главната цел ми беше да го доловам замисленото, во што сметам дека успеав, со помош на шминкерката Милена Северкоска која што пред извесен период го отвори своето ателје во Прилеп, а исто така и со помош на моделот Валерија Преспаноска.“
Уживајте во прекрасниот, домашен фото-едиторијал: