Муслиманка речиси гола позира за рекламна кампања (фото)
Компанијата American Apparel, која произведува облека, позната е по своите контроверзни рекламни кампањи. Овој пат е во центарот на вниманието заради најновата реклама во која позира млада девојка од Бангладеш и тоа речиси гола.
Макс е 22-годишна манекенка од Бангладеш, родена во Дака и израсната по традиционални, муслимански правила.
Кога започнала со школување, започнала да ја истражува својата индивидуалност и со текот на времето се оддалечила од исламската вера.
Неколку години подоцна, се согласила да ја сними оваа реклама, затоа што имала малку поинаква порака од сите останати.
American Apparel е компанија горда на тоа што нивната облека се произведува во Америка и што не ги користи работните сили на сиромашните луѓе во земјите од третиот свет.
Оваа тема стана доста популарна откако минатата година се сруши фабрика за облека во Бангладеш, при што животот го загубија преку 1.000 луѓе.
По тој повод, Макс во најновата рекламна кампања на себе има само пар фармерки произведени во центарот на Лос Анџелес, сошиени од 23 чесно платени работници.