Кој ги пополнува празните места на Оскарите?
Отсекогаш посакувавте да имате шанса да ги следите холивудските настани од првите редови? Еве една примамлива понуда.
Продуцентите на овие настани не сакаат празни места. Тие се убедени дека празните седишта го рушат угледот на манифестацијата, посебно ако се во првите 10 реда каде седат номинираните.
Па затоа, кога славен гостин ќе си земе пауза и ќе излезе до ресторанот или тоалетот, продуцентите брзо го пополнуваат местото со помалку славни личности кои „ги чуваат нивните седишта топли“.
Наједноставно прикажано, тоа се луѓе кои седат во првите редови додека славната личност не се врати, а тогаш и го отстапуваат местото.
Се прашувате, кој би се согласил да чека цела вечер само за 5 минути да поседи во првите редови? Постојат милион луѓе кои секојдневно се пријавуваат за оваа работа.
Организацијата Seatfillers & More е првата од ваков тип, која соработува со огромен број на волонтери.
Нивните трошоци не се покриени, започнувајќи од превозот, тоалетите кои мора да се во рамките на кодексот за облекување, ниту пак добиваат дневница. Сепак, интересот за ова работно место е на највисоко можно ниво.
Постојат неколку правила кои задолжително мора да се почитуваат доколку сакате да ја имате оваа привилегија. На пример, автограмите и фотографиите со славните се забранети.
Seatfillers & More покриваат повеќе од 40 настани годишно, помеѓу кои влегуваат и SAG Awards, American Music Awards, People's Choice Awards, MTV Awards… Но, првото појавување е на некој помалку важен настан, како би ги покажале своите „способности.“