Ова се првите 20 корисници на Фејсбук
10. Зак Беркју
Реден број на профил: 31
Фејсбук почеток: Уште еден познаник кој станал член преку студентското братство Alfa Epsilon Pi.
Што прави сега: По студиите поминал 1 година во Израел, а потоа завршил медицина.
9. Мануел Антонио Агилар
Реден број на профил: 30
Фејсбук почеток: Неговиот цимер Марк Кагановиќ кој одел на предавања со Цукерберг го наговорил да отвори профил.
Што прави сега: Моментално е на Гватемала каде работи како аналитичар и менаџер.
8. Андреи Борош
Реден број на профил: 29
Фејсбук почеток: Нема податоци.
Што прави сега: Работи во Лондон како советник на берза.
7. Марк Кагановиќ
Реден број на профил: 28
Фејсбук почеток: Ги посетувал истите предавања како и Цукерберг, кој лично го поканил да биде еден од првите корисници.
Што прави сега: Докторирал на Стендфорд и е основач и директор на фирмата SolveBio која произведува софтвер за анализа на здравствени податоци.
6. Колин Кели
Реден број на профил: 27
Фејсбук почеток: Нема податоци.
Што прави сега: Работи како адвокат и борец е за правата на истополовите бракови.
5. Ендру Меколум
Реден број на профил: 26
Фејсбук почеток: Одел на истите предавања со Цукерберг кој го замолил да го дизајнира првото лого на Фејсбук.
Што прави сега: Моментално е вработен воFlybridge Capital, а учествува во многу проекти за напредок на современата технологија.
4. Ери Хасит
Реден број на профил: 7
Фејсбук почеток: Првиот неосновач кој отворил профил на Фејсбук се смета дека ја предложил идејата за родендентските известувања.
Што прави сега: Хасит е учител во Израел и е духовен водач на религиска група.
3. Дастин Московиц
Реден број на профил: 6
Фејсбук почеток: Еден од цимерите на Цукерберг и се смета за еден од основачите на Фејсбук
Што прави сега: Инвеститор е во бројни проекти.
2. Крис Хјуз
Реден број на профил: 5
Фејсбук почеток: Исто така еден од цимерите на Цукерберг и основачи на Фејсбук.
Што прави сега: По Фејсбук, го основал Jumo и инвестирал во сервисот UpWorthy. Негов сопруг е Шол Олдриџ кој се занимава со политика.
1. Марк Цукерберг
Реден број на профил: 4 (Редните броеви 1-3 некогаш биле негови, но тие страни повеќе не постојат)
Фејсбук почеток: Човекот кој на 4 февруари 2004 година ја основаше оваа социјална мрежа.
Што прави сега: Сè уште е прв човек на Фејсбук.