Уникатен начин како да ги избркате гостите (фото)
Сигурно ви се има случено ненајавено да ви дојдат непосакувани гости со кои едвај разговарате. Некои луѓе немаат грижа на совест, ниту култура за тоа кога и каде се оди на гости, па гледаат само да си го пополнат времето.
Во тој случај, мора да се снајдете некако и да им покажете дека навистина не се добредојдени. Наместо да бидете некултурни и непристојни, па да им кажете да си заминат, најдобро е тоа да го направите на креативен начин.
Ако сте вешти и имате повеќе слободно време може сами да го исцртате сервисот за кафе, со бои за порцелан.
Нацртајте многу ситни мравки насекаде по филџаните и тацните, а во нив послужете кафе или чај. Верувајте дека нема ниту да го пробаат, а сигурно ќе го запаметат, па пред да се решат да ви навратат повторно добро ќе размислат.
Погледнете како тоа може да изгледа