Портрети на црвенокоса девојка кои за момент ќе си поиграат со вашата перцепција (фото)
Разиграните портрети кои ќе ги видите во продолжение се креативни оптички илузии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените сетила.
Црвенокосата девојка од Стокхолм е уметник со огромна креативност во себе. Така, еден ден решила дека сака да си поигра со својата облека и коса, за да создаде до сега невиден проект.
Проектот започнал кога Малин сама започнала да се фотографира, се додека не сфатила дека има одлична идеја за серијал фотографии кои ќе го обиколат светот.
„Сметам дека мојата нереалност е навистина инспиративна, но сепак се трудам да ја направам незабележлива. Се надевам дека моите фотографии ќе влијаат на вашите очи така што ќе застанете, ќе се загледате и ќе и се препуштите на фантазијата. Таа нека одбере што навистина гледате,“ објаснува Малин Бергман.
Уживајте!