Погледнете го апартманот во кој некогаш живеел Френк Синатра (фото)

Легендарниот апартман на Френк Синатра во Њујорк девет месеци откако бил пуштен во продажба, веќе имал нов сопственик. Елегантниот простор на две нивоа од 300 m2, веројатно го купил кинески тајкун за неговата ќерка и платил 5,49 милиони долари.

poglednete-go-apartmanot-vo-koj-nekogas-ziveel-frenk-sinatra-foto-01

Синатра во него живеел помеѓу 1961 и 1972 година, по што се развел од неговата сопруга Ава Гарднер.

Првобитниот простор сам го уредувал спојувајќи стан на 22-от и 23-от кат и го трансформирал во простор со 4 спални соби и шест бањи.

Во него ја запознал и Миа Фароу, се оженил со неа, но подоцна и се развел. Во овој апартман наминувале многу светски ѕвезди на тоа време.

Почнувајќи од американскиот претседател Џон Кенеди и Мерлин Монро, па до Енди Вархол, Дин Мартин и многу други великани на тоа доба.

Просторот е заграден со две големи тераси кои имаат поглед на East River, а во текот на големата обнова во 2008 година, додадени се неколку модерни детали, вклучувајќи футуристички стаклени скали, како во некои продажни места на Apple.

Погледнете во каков простор живеела музичката легенда Френк Синатра

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg