Филмско искуство кое може да го вкусите само во Лондон
Уникатниот концепт на целокупното уживање во филмот, одеднаш може да се вкуси на познатата лондонска улица Portobello Road.
Поточно, гледачите имаат можност да го вкусат секој филм што ќе го гледаат, така што ќе добијат заокружено филмско искуство низ арома, текстура и вкус.
Секој посетител добива послужавник со нумерирани залчиња во кутија кои ги следат моментите во филмот.
Под името Edible Cinema, вкусното филмско искуство нуди мени во комбинација со минијатурни коктели, кои се отвораат зависно од бројот со кој е означена кутијата.
Идејата на овој проект е поттикнувањето на одредени чувства низ назначување на одредени зборови или сцени. На пример, ако во одреден момент ликовите во филмот трчаат низ борова шума, вие ќе бидете послужени со пуканки со арома на бор.
Филмски фанатици, како ви се допаѓа оваа идеја?