Што може да нè научи Дедо Мраз за животот?
Дедо Мраз е неверојатен – тој знае сè. Знае дали спиете или сте будни, дали сте биле добри во текот на целата година и стигнува низ цел свет да ги однесе подароците и да се спушти низ милиони оџаци.
Тој секоја година е неверојатно витален и здрав, па би можеле да претпоставиме дека од таков супер дедо може и многу да научиме за тоа како да се чувствуваме добро. Ова се шест лекции кои може да ги научиме од Дедо Мраз.
1. Тој ужива во долга врска исполнета со љубов
Дедо Мраз и Баба Мразица имаат силна и здрава врска која трае вечно. Тоа е добро за двајцата. Истражувањата ги поврзуваат среќниот брак со доброто здравје, вклучувајќи и помал ризик од срцев удар, подолг живот, побрзо заздравување после операција и подобро ментално здравје.
Исто така луѓето кои се во сериозни врски имаат помало ниво хормони на стрес. Затоа Дедо Мраз никогаш не ја напушта својата Баба Мразица.
2. Тој има силна друштвена мрежа
Покрај својата жена, Дедо Мраз има и заедница која ја сочинуваат самовили и ирваси, како и милиони деца низ светот кои го обожуваат. Многу студии покажале дека пријателските односи се поврзани со продолжувањето на животниот век.
Една студија од 2010 година, открива дека луѓето кои имаат силни пријателски врски имаат еднакво добро здравје како и луѓето кои не пушат. Верните пријатели знаат да нè расположат и да ни помогнат во секој момент.
3. Тој е секогаш среќен и насмеан
Добро е познато неговото „Хо-Хо-Хо“. Неговата веселост го одржува неговото срце здраво. Една студија од 2007 година покажува дека ентузијазмот, верата, посветеноста и способноста за соочување со стресот го намалува ризикот за срцеви заболувања.
Друга студија, пак, покажува дека веселоста е поврзана со намалениот ризик од мозочен удар и со долговечноста. Важно е секогаш да имате насмевка на лицето, така ќе зрачите со позитивна енергија и сите ќе ве сакаат.
4. Тој ја знае вредноста на дарежливоста
Тоа што е Дедо Мраз дарежлив добро влијае и на него. Дарежливоста и усреќувањето други луѓе влијае многу добро на здравјето. Го намалува стресот, го подобрува расположението и шири позитивна енергија.
Научете да подарувате мали работи, ситници кои некому може и да му го разубават денот, а вие ќе се чувствувате исполнето.
5. Тој не седи на своето работно место
Ние премногу седиме. Според некои процени луѓето поминуваат по 15 часа дневно седејќи, а неактивноста се поврзува со многу болести: ризик од дијабетис и рак. Но, Дедо Мраз не се грижи за тоа – неговата работа од него бара да биде активен и во движење за да стигне да израдува многу деца.
6. Тој има силна работна етика
Тој можеби е највредниот човек во деновите околу Нова година, бидејќи ги испорачува своите подароци во повеќе од 123 милиони домови. А ние постојано се жалиме поради промената на смените и прекувремената работа, наместо да се сетиме на него.
Важно е да ја сакате својата работа и да ви причинува задоволство. Така ќе бидете и посреќни и поуспешни.