Креативниот келнер кој го воодушеви светот
Еден келнер, кога му било досадно на работа, не им пишувал пораки на пријателите или да се досадува и да чека да му заврши работното време.
Наместо тоа, тој одлучил да биде креативен. Сè почнало со ливчињата кои ги користел за нарачки.
Наместо постојано да користи нови ливчиња, тој одлучил да ги користи истите и да пишува со сè поситни букви.
По некое време одлучил дека може да биде уште покреативен. Тогаш почнал да прави цртежи и слики. Најпрво цртал само контури на некој предмет, знак, лик или слика, па пишувал околу нив.
На некои им додал и боја. Како се намножувале делата, така му доаѓале нови идеи составени од повеќе делови кои претставувале вистински уметнички дела.