Московското метро - раскошна подземна палата
Москва е град познат по својата магична архитектура, но градбите над земјата не се единствените кои оставаат без здив - тука е и целосно изграденото московско подземје, односно московското метро.
Московското метро е втората најпрометна подземна железница во светот, низ која дневно минуваат помеѓу 7 и 9 милиони луѓе.
Вкупната должина изнесува 317,5 километри, а се состои од 12 линии и 188 станици. Покрај очигледната и првичната намена, метрото во Москва служи и како уникатен музеј на руската историја.
Отворен е во 1935 година, а мермерните ѕидови, високите столбови, статуите, витезите, мозаиците и раскошните лустери потекнуваат токму од тој период.
Низ неколку фотографии разгледајте го раскошниот подземен свет на Москва: