Ова се случува еднаш во 10 години - океан од облаци во Големиот Кањон
Минатот викенд во Големиот Кањон во Аризона се случи интересен феномен, кога целиот кањон беше исполнет со облаци и магла.
Според некои стручњаци ова се случува како последица од температурната инверзија до која доаѓа кога топлиот воздух кој го покрива ладниот се приближува до земјата.
Тоа значи дека загадувањето и маглата се „заробени“ во кањонот. Некои велат дека ваквата температурна инверзија се случува двапати годишно, но ваков живописен пејзаж досега не бил виден.
Главно, маглата само делумно го исполнува кањонот или феноменот се случува кога е облачно и врнежливо, па не може да се долови ваквиот впечаток.
Ова се случува еднаш во 10 години.