Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е вашиот среќен ден?

Календарите, мерењето време и астрологијата се изменија заедно со развојот и напредокот на западната култура. Традиционалната асторологија, некогаш била многу поценета и покорисна, но  со оглед на модерното окружување, технологии и новите проучувања, помалку се користи.

koj-e-vasiot-sreken-den-01

Сепак и понатаму постои и можеме да ги користиме нејзините предности за да го подобриме својот живот.

Дали сте се запрашале што значат имињата на деновите во неделата? Дали сте знаеле дека секој од нив е погоден за извесна работа? Секој ден е под влијание на одредени планети. Од сега не мора да се мачите да размислувате на кој начин да ги распределите деновите и како да направите добар распоред на своите активности. Погледнете кој ден од неделата што значи и за што е најдобро да го искористите.

Понеделник

Понеделникот е месечев ден. Ова е почеток на неделата и ден кога сме главно опкружени со луѓе. Токму затоа понеделникот е поволен за остварување друштвени и професионални контакти, но и за семејни и пријателски собири. Месечината директно управува со емоционалниот живот на секој од нас, па овој ден акцентот е токму на чувствата. Понеделникот ни дава можност добро да управуваме со нив.

Вторник

Вторникот е ден на Марс. Поради тоа, главно, овој ден е полн со позитивна енергија и самодоверба. Решавање на тешки задачи, несовладливи препреки, тврдоглави  проблеми и сè што ве мачи всушност треба да го оставите за во вторник, поради Марс кој ќе ви даде сила за да се справите со сето тоа. Но, во вторник треба да избегнувате расправии од кој било вид.

Среда

Средата е ден со кој владее Меркур. Со самото тоа, тоа е ден кога најдобро може да ви оди со менталната, интелектуална работа. Учење, проучување, студирање, пишување, читање...сите ментални активности на овој Меркуров ден би требало да ви одат од рака. Исто така, поволен е и за комуникација од кој било вид: телефон, интернет или состаноци. Овој ден сте најпаметни од цела недела.

Четврток

Четврток е ден на планетата Јупитер. Овој ден искористете го така што ќе се соочите со големи работи, проблеми и човечки судбини. Јупитер е позната планета на среќа и оптимизам, па искористете го за неизвесни и несигурни работи. Јупитер сигурно ќе ви ја даде потребната поддршка.

Петок

Петок е ден на шармантната планета Венера. Работната недела завршува и почнува викендот. Во текот на денот уживајте во изобилието на фини манири, насмевки и хармонијата која ја носи овој ден. Покрај тоа, веќе е познато дека Венера е планета на љубовта, па сите романтични средби, љубовни односи и страсни моменти, најдобри и најповолните се токму на овој ден.

Сабота

Саботата е ден во неделата кога владее Сатурн. Тоа е планета на дисциплина, одговорност и организација која ги отежнува работите и предизвикува излегување од контролата. Затоа овој ден забавете, обрнете внимание на деталите и поминете го времето со постари луѓе кои може да ви дадат мудри и корисни совети.

Недела

Недела е ден на Сонцето. Овој ден е поволен за одмор и опуштање. Покрај тоа овој ден е посветен на духовни активности кога е добро да покажете љубезност, внимание и да бидете дарежливи кон луѓето.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg