Дали е ова најлудиот романтичен состанок?

Две личности кои барале љубов на интернет одлучиле да ги отфрлаат вообичаените опции за состанок како одење на кафе или во кино, па решиле да тргнат на европска авантура од 21 ден.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-01

Клара Бенсен (писателка) и Џеф  Вилсон (професор) се запознале преку интернет страницата „Ок Купид“ и за само 8 недели подоцна, парот од Тексас се нашол во авион за Истанбул. Според Клара: „Како што рекол Марк Твен - Не постои посигурен начин за некого да замразиш или засакаш од заедничко патување“.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-8

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-7

Клара на он - лајн страницата за запознавање се вклучила седум дена пред да го запознае Џеф и го видела неговиот интригантен и чуден профил на кој стоела негова слика со голема крава. Откако стапиле во контакт, уште во третиот меил Џеф ѝ ја предложил необичната авантура, без подетално запознавање и разговори преку интернет.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-13

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-4

Тој ѝ напишал: „Дали имаш некоја идеја за патувачко експериментирање? Јас имам неколку и сакам сите да ги испробам во јуни“. Она што за него претставувало експериментирање и авантура било тргнување без план, без резервации и без куфери. Само основни и најпотребни работи за лична хигиена, пасош и пари. Ова било шок за Клара, но сепак авантуристички дух преовладал и го прифатила предизвикот.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-5

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-3

Пред да тргнат во јуни, сепак се сретнале неколку пати и се договориле дека нема да носат дополнителна облека, туку ќе ја перат таа што ја носат на нив. Од лични работи носеле: пасош, кредитни картички, мобилни телефони, мапи и четки за заби. Потрошиле вкупно 1.200 долари за повратни билети. Во просек дневно трошеле 30 долари на сместување и храна.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-14

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-10

„На прв поглед не бевме многу компатибилен пар. Џеф е енергичен универзитетски професор, а јас сум повлечена и затворена писателка“, изјавила Клара. Меѓутоа во текот на патувањето таа сфатила дека имаат многу повеќе заеднички работи, отколку што мислеле на почетокот. „Открив дека нашите личности имаат иста крв на луди научници“.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-11

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-9

На крајот, според цитатот на Марк Твен, излегло дека сепак си се допаѓаат еден на друг.

За 21 ден поминале 8 држави, тргнувајќи кон Турција, низ Унгарија, Хрватска, Босна, а завршиле во Англија. Користеле различни превозни средства, но и многу пешачеле. Шест месеци подоцна, тие се сè уште заедно, меѓу нив има хемија, но и многу поголема длабочина, поврзаност, смисла и пријателство. Дефинитивно, патувањето ќе им остане како незаборавно доживување и посебно поврзување.

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-12

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-2

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-1

dali-e-ova-najludiot-romanticen-sostanok-6

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg