Мирисот на домот ја открива вашата личност
Сетилото за мирис го открива вашиот карактер. Размислете добро пред да одлучите кој мирис ќе преовладува во вашиот дом, бидејќи мирисната нота ги открива вашите особини.
Дали сакате свеж мирис на лимон или преферирате мирис на цвеќе – сетилото за мирис може да открие многу за вас. Во вашиот дом треба да преовладува одреден мирис, кој ќе ве опушти, ќе ви го подобри расположението и ќе ви даде енергија. Затоа, дознајте што зборува мирисот на вашиот дом зборува за вас.
1.Лимон – за добрите организатори
Доколку сакате чист мирис на лимон, настојувате животниот простор да ви биде секогаш организиран и неоптоварен со непотребни детали. Најчесто избирате светла боја на мебелот, а омилена боја на ентериерот ви е бела. Вие сте активна личност, која сака да шета или да се занимава со некаква рекреативна активност. Добрата вест за љубителите на лимонот е дека овој мирис ја подобрува будноста и ослободува од стрес.
2. Портокал – ги открива луѓето кои се креативни и амбициозни
Креативни и амбициозни луѓе се големи љубители на мирисот на портокал. Сакате домот секогаш да ви е чист, топол и атрактивен за око. Мирисот на портокал ја зголемува позитивната атмосфера и прави луѓето да се чувствуваат посмирено и поисполнето.
3. Свеж планински мирис – идеален за вљубениците во природата
Остар и свеж планински мирис најчесто е избор на оние кои ја сакаат природната убавина. Тие живеат „зелен начин“ на живот, избегнувајќи пластика и возат еколошки штедлив автомобил. Најдобра забава за нив е планинскиот велосипедизам и скијањето. Ако се пронаоѓате во овие карактеристики, вие сте личност чиј дом е уреден со земјени тонови на бои и кожен мебел.
4. Остар мирис на океан – избор на весели луѓе кои обожуваат животни
Вие сте опуштени и смирени, доколку мирисот на океан е вашиот избор. Луѓето на кои им годи овој освежителен мирис, многу сакаат домашни миленичиња и ги третираат како членови на семејството. Најчесто во нивниот дом може да се најде шик мебел во светли бои, заради нивната весела природа.
5. Лаванда – фаворит на успешните луѓе под стрес
Љубителите на овој мирис често имаат високо ниво на стрес. Затоа сакаат релаксирачки мирис на виолетовиот цвет. Луѓето кои сакаат лаванда се презафатени и успешни, па се обидуваат да ги согласат сите обврски во професионалниот и приватниот живот. На крајот на денот сакаат да се опуштат со книга, филм и чаша добро вино со опоен мирис на лаванда во домот. А за тоа дека овој мирис навистина смирува и опушта, потврдуваат и старите Грци и Египќани кои го користеле за да се ослободат од напнатоста.
6. Сладок цветен мирис – создаден за романтични и грижливи личности
Вечните романтичари секогаш одбираат сладок мирис на убаво цвеќе за својот дом. За нив најубава вечер е со љубовни приказни и класични филмови, каде атмосферата ќе биде надополнета со цветна мирисна нота во собата. Нивниот дом е украсен со топли бои и нежна ткаенина за мебел. Доколку сте баш од овие личности, за вас е карактеристична и силната врска со пријателите и семејството, кон кои се однесувате грижливо.