9 работи кои само девојките со виткана коса ќе ги разберат
Бушаво утро проследено со локнести прамени насекаде, вклучена пегла подготвена за невозможна мисија и неколку чешли наредени да ја испробаат својата цврстина. Ви звучи познато?
За да изнудиме барем мала насмевка во бушавите и хаотични денови, еве како изгледаат вашите проблеми сликовито прикажани:
Секој ден е изненадување - никогаш не знаете со каква фризура ќе се разбудите
Секое утро пробувате милион производи за виткана коса, но некако не функционираат...
Кога влажноста на воздухот е малку зголемена...
Кога ќе видите шампон за коса кој додава волумен
За време на врнежливите денови ова ви е идеалниот распоред
Вашата пријателка ви се жали дека има права коса, а многу би сакала слатки виткани прамени. Ја гледате чудно и...
Приморани сте да станете половина час порано, само за да ги исправите шишките кои се каете што воопшто ги направивте
Тажно ви е да ја миете косата секој трет ден, баш кога локните изгледаат најсредено
Ама затоа кога ќе се разбудите со совршено обликувана фризура...