Утрински навики за продуктивен работен ден
Продуктивните луѓе имаат поинакви навики - се обидуваат да бидат креативни рано наутро и да утврдат одредени рутини.
Се прашувате како и вие да станете дел од таа група на задоволни и продуктивни ранобудници?
1. Планирањето е бесценето. Подгответе се уште претходната вечер – проверете го времето, одберете гардероба, сортирајте ги клучевите и мобилниот на едно место, размислете што ќе појадувате...
2. Користете вибрации наместо аларм. Полесно ќе ви биде да се разбудите постепено, отколку сонот да ви го пресече гласен звук.
3. Наместете го креветот. Утринските движења се најважни, па тоа сметајте го како растегнување. Плус, одлично е кога ќе се вратите во средена соба.
4. Вежвајте. Одвојте барем 20 минути. Ќе ви го подигне расположението и ќе ви ја врати енергијата.
5. Поедноставете ги приоритетите. Олеснете си го почетокот на денот и поминувате повеќе квалитетно исполнето време.
6. Потрошете неколку минути за да дишете свеж воздух. Природното светло ќе ви ги разбуди сите сетила.
7. Јадете добро. Бирајте овошје и житарки. Прескокнете ги џусовите и милкшејкот.
8. Дајте си грејс период. Оставете 15 минути вишок во распоредот за да пристигнете лежерно и смирено, наместо да трчате по јавниот превоз или да се нервирате што нема место на паркинг.