Прошетајте низ најпосетуваниот трговски центар (фото)
Грандиозниот трговски центар во Америка годишно привлекува по околу 40 милиони посетители, по што Блумингтон, Минесота важи за еден од најпосетуваните градови.
Голем број на луѓе уживаат во игрите, продавниците и оброците кои ги испробуваат тука, благодарение на многубројните продавници, кафулиња, аквариуми, па дури и забавни паркови.
Во склоп на трговскиот центар спаѓа и огромен, 25 метарски ролеркостер, аквариум, 520 различни продавници и над 50 ресторани и барови.
Има над 12.000 вработени лица кои се грижат за хигиената и уредноста, во кои спаѓаат и водичи кои може да ве прошетаат без да се загубите во сите атракции кои постојат.
Во фото галеријата откријте како изгледала една прошетка низ најпосетуваниот американски трговски центар.