Како изгледа првата светска концертна сала на дување?
Огромен виолетов балон се смета за прва светска концертна сала на дување која ќе биде отворена на јапонската источна обала која е погодена од катастрофа. Британскиот уметник Аниш Капур и јапонскиот архитект Араат Исозаки создале несекојдневна сала „Арк Нова“, балон направен од полиестер, кој е подигнат во паркот на градот Мацушима. Големината на целосно надуваниот балон е 18 х 35 метри, а може да собере околу 500 луѓе.
Оваа сала е лесно да се надува или издише и да се транспортира на друго место, од настан за настан, каде што е потребно. Седиштата се направени од природно оштетените дрвја на местата каде што се поставува, бидејќи засега се користи во шуми и паркови, како места со поголемо пространство. Но, не се исклучува можноста, за нејзина натамошна употреба и на многу поинакви и поголеми настани.
Првиот настан во оваа сала ќе почне денес, а ќе трае до 14 септември и ќе вклучува настапи на Филхармонискиот оркестар Сенада и традиционалниот јапонски кабука театар. Насатанот е организиран со помош на швајцарскиот фестивал Луцерн, кој ги собира прочуените светски музичари.
Јапонската североисточна обала е уништена од земјотрес и цунами во 2011 година кога беа убиени 19 000 луѓе и предизвикаа криза во нуклеарната електрана Фукушима, а туристичкиот град Мацушима е прилично неоштетен благодарение на својата заштитена положба во заливот.