Семејството кое чува 7 тигри дома
Бразилецот Ари Борхес (43) е опседнат со диви животни и својот дом го дели со 7 возрасни тигри. Тие спијат дома, се капат во неговиот базен, си играат со неговите внуци.
Пред 8 години Ари спасил два тигри од циркус и им изградил своевидно прифатилиште во својот двор.
- Никогаш не сум се плашел што моите ќерки поминуваат време со животните. Тигрите никогаш нема да те нападнат ако чувствуваат дека ги почитуваш, објаснува сопствениот на овие миленичиња.
Една од неговите ќерки е професионален тренер на кучиња, а нејзината 2 годишна ќерка по пример на својот дедо, ужива да поминува време со дивите животни.
Борхесови во својот дом имаат одгледувачница на тигри и еко парк.
Сепак, Ари вложува напори да изгради место на кое неговите тигри ќе можат да живеат мирно, затоа што, тој вели, дека нема никогаш да престане да се бори за доброто на овие диви мачки.
Би чувале и вие тигар дома?