Шарен хаос на ѕидовите

Ова е веселата викенд - куќа на едно семејство во Калифорнија. Главната тема на домот е „Палм Спрингс“ со силно влијание од Џонатан Адлер и Новограц.

sharen-haos-na-dzidovite-01

Бетани Хервеи ќе ве прошета низ веселиот хаос на нивната семејна викенд – куќа.

„Обожувам бои и шари, кои можат да бидат видливи низ целиот тапет. Главните бои во домот се портокалова, зелена и сива. Јас сум модерен винтаж - фанатик, што значи ја обожувам винтаж техниката, но во модерен стил. На пример, во мојот дом речиси нема класични винтаж парчиња, но во сè има некакви модерни траги на средниот век, кои се чувствуваат.

Кога првпат влеговме во куќата, забележавме дека тој не е допрен откако е изграден во раните педесетти.

Срушивме ѕид меѓу кујната и дневната соба, обојувајќи ги сите елементи со светли и весели бои.

Потоа ги обложивме ѕидовите со тапети декорирани со мотиви на птици и пеперутки, бидејќи сакав двете соби да изгледаат како една голема. Плус, тоа беше најубавиот тапет што го имам видено и го сакав насекаде. Исто така, сите стари кујнски шкафчиња ги заменивме со бели, што не е многу практично за во фамилијарните домови, но за во викенд - куќа е одлично.

Моето омилено парче мебел е орманот од Томас Волд, во нашата трпезарија, која ја нарачав од неговата веб - страница на интернет. Мојот втор омилен елемент е лустерот од педесеттите во трпезаријата. Кога го видов од прозорецот знаев дека мора да го имаме.

sharen-haos-na-dzidovite-2

sharen-haos-na-dzidovite-1

sharen-haos-na-dzidovite-3

sharen-haos-na-dzidovite-5

sharen-haos-na-dzidovite-7

sharen-haos-na-dzidovite-6

sharen-haos-na-dzidovite-8

sharen-haos-na-dzidovite-9

Ако треба да дадам еден совет за уредување на вашиот дом, тоа би било: Секогаш купувајте го тоа што го обожувате.

Ако го следите ова правило, секогаш ќе бидете задоволни кога минувате низ вашиот дом, бидејќи ќе сакате сè што е во него.“

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg