По утрото денот се познава...

Секој ден е нов почеток во вашиот живот кој не знаете како и каде ќе заврши. Затоа, стартувајте го денот колку подобро и поздраво можете за да ги избегнете негативните мисли и чувства во текот на целиот ден.

po-utroto-denot-se-poznava-01

Ако сакате да имате свеж и добар почеток, држете со до овие неколку совети и победете ги тмурните утра и тажниот израз на лицето кој го имате по секое будење.

Будете се рано

Утрото е најдобар дел од денот за да се чувствувате свежо, да генерирате нови идеи, да довршите по некоја ситница која ви останала... Ќе ја откриете убавината на утрото доколку станувате барем 1 час порано пред да се упатите кон работното место.

Оддалечете го будилникот

Уште една добра работа која е подобро да ја нема. Оддалечете го будилникот, немате потреба од нервозниот и напорен звук рано наутро или бесконечното притискање на snooze копчето пред да станете од креветот. Полесно е да го навиете биолошкиот ритам или ако сте зависни од аларми, тогаш поставете го на оддалечено место за да морате да станете, па да го изгаснете.

po-utroto-denot-se-poznava-03

Длабоко дишете

Ова е клучниот чекор за отстранување на стресот. Длабокото дишење на свеж воздух ќе ви овозможи свеж кислород кој ја зголемува енергијата на телото и делува подобро дури и од кофеинот.

Вежбајте

Утринските вежби се најлесен начин да останете будни и свежи. Никој не мисли дека во 6 часот треба да се упатите кон теретаната, но мало растегнување на никој не му пречи. Полесно ќе ги поднесете дневните активности ако прошетате на кратко.

Појадувајте

Ова веќе го знаат сите и не ви се важи изговорот дека не сте гладни наутро. Вашиот желудник е празен цела ноќ и неопходна му е храна. Почастете се со здрав и обилен појадок. Испијте чаша цеден сок, кафе или чај.

po-utroto-denot-se-poznava-02

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg