10 знаци дека сте несигурна личност
Како една од најнепривлечните карактеристики кај партнерот или партнерката многумина ја набројале несигурноста. Здравата врска бара разбирање, почитување и компромиси, па затоа несигурноста е причина за катастрофални љубовни последици.
Ова се 10те знаци кои укажуваат на тоа дека спаѓате во групата на несигурни луѓе.
1. Не можете да поднесете шеги на ваша сметка - И покрај тоа што се работи за коментар за вашите чевли, вие заземате одбранбен механизам затоа што ваквиот вид на шеги ги разбирате премногу лично. Заштитата е првиот знак за несигурноста.
2. Негативни сте наспроти личностите од ист пол - Зошто мора да ја коментирате секоја жена која ќе влезе во ресторанот наместо да уживате во друштвото и вечерата? Несигурните луѓе во секој гледаат конкуренција. За полесно да се одбраните себеси сте се одлучиле да ги напаѓате другите.
3. Имате проблем со раздвојувањето - Не сте кутре, па зашто тогаш секој пат кога вашиот партнер или вашата партнерка оди некаде да имате напади на паники? Претераната тежина која следи со секое заминување на саканата личност, дури и на 10 минути, е знак за огромна несигурност.
4. Го проверувате мобилниот на партнерот/партнерката - Ако едвај чекате вашиот партнер или партнерка да го напушти станот за да се искрадете и да го проверите мобилниот телефон, имајте на ум дека несигурните луѓе секогаш имаат проблем со довербата. Со тоа што ја прекршувате приватноста на другиот само ќе го потврдите тоа.
5. Ќе се спријателите со негов/нејзин близок само за да добивате информации - Кога се сомневате без никаква причина, ќе пронајдете милион начини само да се смирите. Еден од најекстремните е спријателувањето со близок член од неговото/нејзиното семејство само за да добивате информации каде е и со кого.
6. Постојано проверувате што прави - Колку пати дневно телефонски го проверувате партнерот или партнерката? Се преправате дека ве интересира како го поминал денот, а всушност сте несигурни и ве интересира дали направил нешто што не знаете? Разберете дека тоа дополнително ја гуши и оттурнува саката личност од вас.
7. Се фалите колкумина ви се пуштиле изминатите 24 часа - Личностите кои имаат недоволна самодоверба компензираат со тоа што бараат големо внимание. Никој нема да прелажете ако трчате и раскажувате дека преку 10тина дечки или девојки денес ви го побарале бројот.
8. Сакате да и шефувате на другата половина - Несигурните луѓе измислуваат милион методи, само за да имаат контрола.
9. Очајни сте за комплименти - На несигурните луѓе постојано им се потребни коментари. Ако постојано прашувате “Дали изгледам добро?”, веројатно не изгледате добро, затоа што во сопствената кожа не се чувствувате така.
10. Речениците ги започнувате со „Ако навистина ме сакаш...” - Несигурните парови најчесто ја практикуваат оваа манипулација за поттикнување на чувството на вина. Важно е да запаметите дека љубовта не се мери на таков начин, туку со она што партнерот го прави по сопствена желба.