Еве ова е љубов: луѓе од 70 земји и помогнале да го изненади момчето
Љубовта прави чуда! Ова е уште еден доказ. Тамара е девојка од Нови Сад која посакала да го изненади својот дечко за 4 годишнината од нивната врска. Таа стапила во контакт со луѓе од целиот свет и ги замолила да се фотографираат со натпис „Саша, Тамара те сака!“ и тоа на кирилица и на сопствениот јазик.
Сепак, таа не се надевала на толкав одзив.
„Пораките им ги праќав на луѓето најчесто преку Facebook и Couchsurfing. Во приватна порака им пишував што ми треба, а оставив порака и на групата "Global friends and Cultures of the world". Луѓето се навистина спремни да помогнат. Финалниот резултат е преку 250 фотографии од 70 различни земји!“ – изјавила Тамара.
„Реакцијата на Саша не може да се опише. Тој остана без зборови, но со насмевка покажа дека не му се верува и дека е воодушевен. Не можеше да поверува дека сум пронашла толку многу непознати луѓе кои го направија ова за нас. Многу сум среќна што успеав на единствен начин да му покажам на моето момче колку го сакам!“
Ова се дел од пораките: