Живи кукли: Опсесија која ги минува границите
На друштвените мрежи, блоговите, но и на Јутјуб каналите може да запознаете луѓе кои гордо го покажуваат својот несекојдневен изглед. Со многу шминка и пластични операции овие неколку млади се претвориле во порцелански кукли.
1. Валерија Лукјанова е интернет сензација токму поради нејзиниот Бабри изглед. Скептиците тврдат дека оваа девојка од Украина го постигнала изгледот на жива кукла кој го посакувала, додека многумина велат дека има голем проблем со одредување на сопствениот идентитет. Што и да се крие зад постапките на оваа пластична девојка, успешна е во тоа што го прави. Кога и да ја погледнете, ќе видите барбика, а не живо суштество.
2. Дакота Роуз е позната по своите туторијали за шминкање и претворање во кукла со само неколку едноставни трикови. Оваа 20-годишна девојка до Сан Франциско позната е по своите полни усни, порцелански тен и очи како на срна. Нејзината метода на трансформација привлекла повеќе од 77 илјади следбеници на Твитер, а уште поголем број на Јутјуб. Најголемо воодушевување предизвикува во Азија, бидејќи со својот стил инспирација пронашла во јапонските филмови.
3. Олга Олејник е уште една Украинка која наликува на Барби, а е одлична пријателка со Валерија. Нивната заеднична опсесија ги споила уште пред многу години, кога и двете се обидувале да го достигнат ефектот на совршенството. Олга, која пред многумина се претставува како Доменик, за својата трансформација користи многу шминкерски трикови, но и помага и моќта на Фотошопот.
4. Анастасија Шпагина е позната под името Фукацами и е единствената која му покажа на светот како од живо суштество да се претворите во анимиран лик. За нејзината трансформација да биде целосна, Анастасија планира да подлегне под нож за да добие стаклен поглед во очите.
5. Џастин Џедлик е единствениот маж кој тежи кон вакво пластично совршенство. Џастин има азиско потекло, а до сега направил над 100 пластични операции, само за да се претвори во жив Кен. Првата операција ја направил на 18 години, а целиот потфат го чинел околу 100.000 долари.