Пралини - десерт од трпезата на боговите

Некогаш служени исклучиво на раскошни трпези, а денес пралините се наоѓаат на сечие мени. Кој и да се сретне со нивниот вкус, мирис и облик за момент го претвораат во сладок зависник.

pralini-desert-od-trpezata-na-bogovite-01

Историјата на пралините не може да се започне без главната состојка – темното чоколадо, чија историја пак датира уште од времето на славните Ацтеки. Темната чоколада уште од тогаш се сметала за врвно задоволство кое ја поттикнува фантазијата и ги буди сите сетила.

Историјата на чоколадата е бајковита токму поради тоа што ве повикува на игра и креативност, така што се комбинира со различни вкусови и овошја, што е потполно неодоливо со векови.

Токму пралините кои потекнуваат уште од 17 век, првично биле комбинација од лешници и шеќерен сируп. Таквите пралини се прилично едноставни во однос на оние кои денес може да ги пронајдете.

Фабриките за чоколади, кои љубоморно ги чуваат своите рецепти, се согласуваат во едно нешто - чоколадата морате да ја почувствувате за да создадете чоколадни коцки и десерти. Чоколадата за подготовка на пралините доаѓа во блокови, кои потоа се претвораат во неодолив десерт.

Оној кој е задолжен за изработката на овие слатки задоволства ја топи чоколадата, а потоа ја следи својата имагинација. Кога чоколадото се крши или гризе мора да го има оној препознатлив звук, кој е дел од неговата магија. Затоа калапите кои се полнат со топено чоколадо се од посебен материјал, а процедурата никој не ја открил до сега.

pralini-desert-od-trpezata-na-bogovite-02

Потоа следува полнењето. Тука можностите за поигрување со вкусовите се неограничени. Чоколадото во допир со другите вкусови се модифицира и комбинира на безброј начини.

Во Франција, која официјално се смета за земја на пралините, омилената комбинација настанува од темно чоколадо и карамелизиран бадем. Комбинациите со овошје пак, се проширени насекаде низ светот.

Пакувањето, чувањето и служењето на пралините исто така е посебен ритуал. Завршната фаза на овие чоколадни коцки не води во полето на естетиката. Чоколадната декорација се смета за врвно мајсторство и вештина.

Зависно од тоа за која пригода ги подарувате пралините, кутиите и начинот на кој се пакуваат може да биде сосема различен, како и кутиите и обликот - од мали, оние кои оставаат впечаток на интимност и романтичност, до грандиозни чоколадни корпи.

pralini-desert-od-trpezata-na-bogovite-4

Ако се решите да го подарите овој скапоцен чоколаден десерт внимавајте да го одберете најдобриот и најквалитетниот. Ние ви ги препорачуваме пралините од Европа, одлично спакувани и со уште подобар вкус.

Подарок, или само лично уживање во кое никогаш нема да погрешите!

pralini-desert-od-trpezata-na-bogovite-03

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg