Миризлива лаванда во секој дел од домот

Лавандата е една од најубавите билки кои заслужено го носи името “медитеранска кралица” веќе долги години и се користи во бројни лекови, козметички препарати, а исто така добро познато е дека нејзината боја и мирис опуштаат, ја лечат депресијата и смируваат.

mirizliva-lavanda-vo-sekoj-del-od-domot-01

Ова се петте начини како можете да ја искористите оваа билка во секој дел од домот.

За полирање на дрвениот мебел - Зошто да користите штетни и токсични препарати за полирање кога може да постигнете одлични резултати со природни средства? За изработка на средство за полирање од лаванда, капнете 3-4 капки етерично масло од лаванда во 1 лажица маслиново масло и промешајте. Исполирајте го мебелот и разликата ќе биде воочлива.

Освежувач на воздухот - Наједноставен начин да го освежите воздухот е во половина литар вода да капнете 20тина капки етерично масло од лаванда, добро промешајте и распрскувајте ја течноста низ просторот. Мирисот на лаванда дава чувство на свежина и смиреност во просторот.

Природен омекнувач за облека - Измешајте 1 литар бел оцет, 20 капки етерично масло од лаванда и 1 лажица медицински алкохол во стаклено шишенце. При секое перење, ставајте по 4 лажички наместо омекнувач.

mirizliva-lavanda-vo-sekoj-del-od-domot-02

За добар сон - Од исушена лаванда направете миризливо перниче кое ќе го ставите под својата перница или на ноќната масичка. Мирисот на лаванда без проблем ќе ги разреши сите несоници од кои страдате.

Против комарци - Маслото од лаванда можете да го нанесете директно на кожата за да ги избркате комарците. Но, можете и да додадете неколку капки во апаратчињата за заштита од комарци, со што ќе бидете сигурни дека 10 до 12 часа сте заштитени.

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Имаш 7 години и се стемнува, другарите те викаат да си играте… Се сеќавате ли на безгрижните и топли лета во детството, кога едвај чекавме да з...
Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg