Совршено уредени 40 метри квадратни
Овој стан кој се простира на само 40 метри квадратни нема никаква пречка кога станува збор за удобноста и пријатноста на просторот.
Со светли ѕидови, пастелни бои и интересни минималистички детали малечкиот стан изгледа прекрасно. Најсветлиот дел од овој стан е трпезаријата чиј ѕид е обоен во прекрасна розова боја, а колоритните детали сосема се совпаѓаат со целосната замисла на ова шаренило.
Во ниту една соба стилот на уредување и линиите на мебелот не се совпаѓаат, заради што крајниот резултат има некој посебен, неодреден шарм.
Мешавината на стилови, бои и нијанси е идеален начин вашиот мал стан да го претворите во прекрасно, удобно и привлечно катче.