Мини улично кино за оттргнување од реалноста
Во Нов Зеланд постои дел од градот каде што се спојуваат две главни улици кои секогаш се преполни со случајни минувачи кои го чекаат својот автобус. Иако секогаш е гужва, помеѓу луѓето не постои никаква интеракција, бидејќи мобилните телефони и зафатеноста ја спречуваат блискоста.
Една Новозеландска дизајнерска група се сетила на една одлична идеја како тоа би се променило – го осмислиле “Stairway Cinema”, мини кино кое е сместено на неколку скалички во една зграда во средиштето на гужвата.
Така, случајните минувачи ќе може да застанат барем на некоја минута пред да продолжат со своите обврски, заедно може да погледнат некој краткотраен филм, а воедно ќе може удобно да уживаат на малите перничиња и грицките по желба.
Одличен начин на кој архитектурата може да ги зближи луѓето.