Дедо игра брејкденс
Пензионерот Фред Бауерс ги покажал своите "брејкденсерски" вештини во шоуто во кое се прослави и Сузан Бојл, "Британија има талент". Бауерс кој има...
... 73 години се покажа на последната аудиција за популарното тв-шоу, а судиите, меѓу кои е секогаш и страшниот Сајмон Коуел, биле импресионирани од неговите движења.
"Научив да играм брејкденс целосно сам. Пред неколку години, бев нервозен и лут и едноставно се фрлив на подот како мало дете ипочнав да се вртам", објаснил Фред.
"Ми се допадна како испадна целиот тој спонтан перформанс, па се информирав и почнав да ги учам правилните чекори", додал тој.
Фред исто така гордо се пофалил дека станал права атракција во ноќните клубови во својот град: "Таму сум речиси секоја вечер, луѓето почнаа да ме препознаваат и дури веќе не морам ни да си ги плаќам пијачките".
Овој г-дин носи само една порака - никогаш не е доцна да ги остварите своите соништа!