Тест за летечки тепих
Јапонскиот астронаут во вселената ја тестирал можноста за летечки тепих, кога веќе таков потфат не е возможен на земјата. Коичи Ваката за демострацијата...
... користел бело платно, додека полека лизгал во воздухот на кабините на Мeѓународната вселенска станица, а се пренесувало преко видео линкови од Јапонската агенција за истражување на вселената (Јаха), пренесува Telegrpah.
"На летечкиот тепих се одржував со помош на лепливи траки така што нозете да ми останат залепени до тепихот", објаснил 45-годишниот астронаут.
Експериментот опфаќа 16 бизарни задачи кои се одбрани помеѓу илјадници предлози на јапонската јавност.
Погледнете самите како изгледал целиот експеримент.