10 најиритирачки Фејсбук статуси
Секако дека не можеме да ги наведеме баш сите статуси кои ве иритираат кај Фејсбук корисниците, но се потрудивме да ги склопиме на едно место оние кои најчесто ве вадат од кожа:
1. Прекрасни вести... среќна, среќна, најсреќна на светот!
Сфаќаме дека треба да прашаме какви вести и на тоа да ни одговориш: Уф, не можам да кажам – инбокс!
2. Штотуку избришав 100 луѓе од пријатели. Вие што го читате ова сте среќни!
Хмммм, дали ти воопшто имаш пријатели?
3. Јас имам најдобар дечко/мајка/сестра на светот!
Како и милијарда останати Фејсбук корисници!
4. Помош! Што да се јаде денес?
Слободно гладувај!
5. Ако сакаш да помогнеш да се намали гладта во светот, стави ја бојата на градникот во својот статус.
Африка баш тоа чекаше!
6. Добра ноќ! Си го гушнав креветот.
И, сега треба да стиснеме лајк?
7. Јас и мојата љубов уживаме на сонце.
Да, на сонце, на Фејсбук...
8. Ммм... јадеме во мексикански ресторан + слика
Немаме ништо против ако сликате храна која стварно вреди да се проба. Ама плескавица, компири и шопска баш и не мора да ги гледаме еднаш во неделата.
9. Ми иде да убијам некој денес!
Пак би требало да прашаме кого, ама веќе ја научивме лекцијата кај точка 1.
10. 9 месеци <3
И сега што? Ќе нè частите вечер? Или да славиме што конечно сте успеале да видите како е да се има врска?
Нешто да додадете?