Спреј за заљубување
Хормонот за кој е докажано дека ја зацврстува врската помеѓу мајките и нивните штотуку родени деца, може да одигра важна улога при изборот на партнерот.
Најновите исражувања покажаа дека оние кои ќе вдишат од хормонот окситоцин (oxytocine), познат уште и како “хормонот на привлечноста и љубовта”, може да бидат привлечени од сосема непозната личност.
“Кога окситоцинот ќе помине низ крвотокот, големи се шансите дека личностите кои до тогаш не сме ги сретнале, да ги загледувамe со подруги очи”, тврди Ангелка, професорка по психологија на Универзитетот во Англија.
Исто така, истражувањето покажало дека луѓето со нормално ниво на окситоцин се склони кон подарежливи бизнис понуди.
Во исто време, момците кои вдишале извесна количина од овој хормон, само еден ден подоцна, подобро ги паметат лицата со кои се запознале во текот на изминатиот ден.
Професор Ангелка и нејзините соработници го тестирале на 96 жени и мажи од кои е побарано по вдишувањето на окситоцинот да ја оценат убавината и физичката привлечност на 48 личности од двата пола, чии лица ги виделе на фотографии, како и да се изјаснат дали некои од тие луѓе ја заслужуваат нивната доверба.
Така, тестирано е и нивното расположение.
Без разлика на полот и расположението, доброволците кои вдишале окситоцин, сосема непознатите жени и мажи ги оценувале како привлечни и доверливи.
Меѓутоа, доктор Џенифер Бартз, психолог од Медицинскиот факлутет во Њу Јорк, тврди дека се неопходни дополнителни истражувања во врска со окситоцинот, а професорката Англека предупредува: “Јас не го препорачувам овој хормон како еликсир на љубовта и сексот”.