Каде брзаш?
Зошто секогаш некаде се брзаме? Секое утро се будиме и се брзаме да се подготвиме за на работа или училиште, па дури и ако тоа би значело...
...облекување на погрешни чорапи, или пак да се изгориме од жешко кафе. Сите знаеме дека со брзањето најчесто се случуваат секакви несреќи.
На работа секогаш се брзаме без оглед на тоа што треба да направиме секогаш имаме премногу работа. Знаеме дека стресот на работа ги зголемува шансите за добивање на мозочен удар, но ние сепак немаме време да размислуваме за тоа.
Можеби некои од нас се брзаат за на ручек меѓутоа поголемиот дел од нас од премногу обврски не размислуваат, па дури и забораваат да ручаат. Кога ќе стигнеме дома секако гледаме да јадеме нешто набрзина бидејќи сме премногу уморни за да готвиме. Потоа си легнуваме и утре истата шема повторно.
Значи живееме динамичен живот кој не би можеле да го замислиме без мобилни телефони, е-маил, кредити и автомобили. И се запрашуваме зошто имаме брзо темпо на живот? Колку и да штедиме на време секогаш сме во недостаток со истото.
А бидејќи сме во гужви, со ова го завршуваме и овој текст бидејќи брзаме да ги завршиме останатите обврски.