Симболиката на цвеќињата
Бели ради за невиност, нарциси како знак за внимание, сончоглед - симбол на почитување, а гранчињата од бршлен се сигурен знак за верност.
Секој цвет има свое значење, па и денес нема да погрешите ако подарите букет црвени рози на саканата бидејќи тие се симбол на страствена и романтична љубов.
Овој обичај носи потекло од далечните времиња. Се смета дека неписмените персиски жени под забрана за пишување комуницирале преку цвеќиња.
Кога се зборува за пораката која ја пренесуваат цвеќињата, ружите се оние кои се најразновидни: Една ружа е доволна ако сакаме да порачаме “Сè уште те сакам“, а ружа без боцки “Љубов на прв поглед“.
Букет пупки од ружи претставува невина љубов, а расцветани - благодарност. Кога се во прашање боите еве го нивното значење:
Бела - чистота, невиност, таинственост, верност
Жолта - пријателство, радост, а во германската култура симболизираат неверство
Портокалова - желба, одушевување, гордост
Црвена - вистинска љубов, страст, почитување, честитки
Розева - Среќа, елеганција, романса, почитување, благодарност
Виолетова - љубов на прв поглед, мистериозност
Сина - недостижност, фантазија
Црна - смрт, крај на врската или соработката, нов почеток