Грешки во името со 45 букви
Езерото во Вебстер го носи едно од најдолгите имиња на места во светот. Станува збор за име кое брои дури 45 букви, поради кое се повеќе се прават грешки...
...при неговото пишување и изговарање.
Оригиналното име на езерото е Chargoggagoggmanchauggagoggchaubunagungamaugg, а поради потешкотијата да се изговара, низ годинити добило повеќе кратки имиња. Дури и властите кренаа раце од негово точно изговарање, па едноставно го нарекуваат Езерото Вебстер.
Откако се истражија сите минатите комбинации на спелување на овој збор, се пронајдоа грешки во истиот. Имено било пронајдено дека постоело едно “о” на местото на 20-тата буква, односно на местото на буквата "u", и "h" кое требало да стои на местото на 38-та буква или "n".
Постојат повеќе приказни и легенди за потеклото на ова име. Најпопуларниот мит кој е нешто подоцна откриен – вели дека грубо преведено, ова име значи нешто како "You Fish on Your Side, I Fish on My Side, Nobody Fish in the Middle", односно “Ти лови риба на својата страна, јас ќе ловам риба на мојата страна, никој нема да лови на средина”.