Како да се збогатите ?

Ако размислувате за милионерите, тогаш сигурно пред вас имате слика на богат банкар од Вол Стрит или ексцентричен шеик кој купува луксузни...





... авиони и јахти. Приказните на богатите луѓе кои започнале со свои мали бизниси, а направиле царства се многу реални. Бројот на светските милионери во последните 10 години е речиси дупло поголем.

Советите како да се збогатите и да станете милионер доаѓаат од луѓето кои и самите поминале тежок пат почнувајки од сиромаштија до богатство.

Еве ги тајните на нивните успеси:

1. Прфатете ризик
Џеф Харис, кој признава дека некогаш немал пари за дома да купи машина за перење, денес е еден од најбогатите инвеститори во јужна Каролина.

“Првата работа која вас ве спречува да се збогатите е стравот. Луѓето се плашат од големи планови и ризикот, но и тоа морате да го пробате”, вели Харис.

2. Образувајте се!
Стив Максвел, некогашен сиромав инженер, заедно со споругата инвестирале во недвижнини и постепено се збогатил така што денес поседува плацеви, хотели и трговски центри чија вредност се проценува на 23 милиони евра.
Стив смета дека клучен момент при збогатувањето е познавањето на пазарот и финансии.

“Кога еднаш добро ќе го запознаете вашиот бизнис, ништо веќе нема да може да ви застане на патот”
, изјавил Максвел.

3. Страста се исплатиkako-da-se-zbogatite1
Во далечната 1995 година, Џил Страхан имала продавница за кутии и украсни материјали за виткање на поклони, двајца работници кои не можела да ги исплати и куќа под хипотека.
Во момент на очај, Џил почнала на своите потрошувачи да им нуди бесплатни грицки и колачи сто се покажало како одличен чекор за подобрување на финансиката состојба.

Денес оваа компанија заработува 90 милиони евра годишно.

“Позитивниот став, упорноста и страста кон работата секогаш на крај се исплати. Важно е да размислите што навистина сакате и тогаш тоа ќе почне да се остварува”, вели искрено Џил.


4. Дуплирајте ги своите приходи
Многумина живеат од плата до плата и не размислуваат за штедење или инвестирање, но секој во себе има “скриени бизнис способности”, тврди Лорал Лангемиер, автор на книгата 'Millionaire Maker'.

Одвоите една сума на пари и инвестирајте ги или ставете ги на сметка во банка. Дури и ако станува збор за вашиот пензиски фонд, нема да погрешите.

И за крај, дозволете парите работат за вас, а не вие за нив!

Би можело да ве интересира:

Две умреле под мистериозни околности – Кои биле љубовниците на Кенеди и колку пари добила Џеки за да... Американските медиуми пишувале за аферите на претседателот Џон Ф. Кенеди уште пр...
Работи што на вработените од разни сектори им е „преку глава“ да ги слушаат, низ илустрации Некои луѓе очекуваат бесплатна фотосесија од нивниот пријател кој е професионале...
7 типови патници кои ќе ги сретнете во јавен превоз и веднаш ќе сакате да избегате (низ илустрации) Гласен патник чиј телефонски разговор го слушаат сите, дете штио упорно удира на...
Некогаш згодни фраери, денес проќелавени и збрчкани: Како стареат најпопуларните европски актери? Од Колин Фарел, преку Роуан Аткинсон, до Колин Фирт - како изгледаа популарните ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg