12 токсични фрази со кои луѓето прават да се чувствувате лошо
„Само се шегував“
Во многу случаи знаете дека личноста не се шегувала и многу добро знаела што кажала/направила, но на овој начин пробува да ја префрли вината од себе на некој друг (или на вас).
„Не мислев така“
Од една страна ова личи на извинување, но во реалноста тоа е бегање од преземањето одговорност или вина.
„Баш си среќлија“
Понекогаш ова е комплимент, но, кога ќе ви го каже токсична личност тоа е со поинаков тон, па по гласот ќе забележите дека сака да го поткопа вашиот успех, напор, талент и сето време и енергија што сте ги вложиле во нешто.
Всушност, ова го прави затоа што ви завидува, а не за да ве пофали.
„Порано беше позабавна“
Оваа фраза ќе ја слушнете ако решите да поставите граница помеѓу себе и токсичната личност, ако не сакате веќе да „ѝ одите по ќеф“ за сè и да ги прифаќате сите „луди“ идеи што ги има.
Тука не станува збор за забава, туку за нивната желба да ве контролираат.
„Без навреда, ама...“
Ако слушнете вакво нешто, бидете сигурни дека следниот збор од устата на токсичната личност ќе биде токму навреда, но скриена зад насмевка.
„Мислев дека си посилен/а“
Оваа фраза може да боли многу, бидејќи токсичната личност во случајов ги користи работите што ги знае - против вас.
Или, ако покажете чувство на болка, тага, емотивност - ќе ви „плеснат“ во лице дека сте слабаци и тоа со оваа едноставна фраза.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





