8 филмски митови кои немаат смисла во реалноста
Дали во детството стравувате да не паднете во вода со пирани бидејќи ќе ве изедат? Иако ова е нешто што сме го виделе во многу филмови, особено анимирани, во реалноста, поверојатно е пираните да избегаат од вас.
Нормално дека не можеме да очекуваме секој детаљ во секој филм да биде реалистичен.
Напротив, повеќето филмови ни се забавни бидејќи се хипербола на она што се случува во реалноста.
Но, бидејќи некои работи сме ги виделе безброј пати во безброј филмови, со текот на времето сме ги прифатиле како вистинити.
Осум работи кои се случуваат само во филмовите, но не и во реалноста:
Бесконечно зумирање од безбедносна камера
Во многу крими филмови има сцена каде што детективите успеваат да извадат кристално чиста слика од безбедносна камера со смешно мала резолуција.
Во реалноста, резолуцијата на камерата претставува ограничување и ако зумирате, сигурно нема да добиете почиста слика.
Движење низ вентилацијата
Во многу филмови има и сцени каде некој од ликовите без проблем се движи низ вентилите од вентилацијата.
Во реалноста, во овие вентили едвај собира дете, уште помалку возрасен маж како, на пример, Брус Вилис во Die Hard.
Пираните јадат луѓе
Од филмовите, особено анимираните, научивме дека пираните се најсмртоносниот непријател на луѓето.
Но, иако се сештојади (јадат месо и растенија), пираните не јадат човечко месо.
Па, дури и да паднете во вода со пирани, поверојатно е да ве игнорираат или да избегаат од вас отколку да ве изедат.
Живиот песок е сериозен проблем
Дали како мали сте имале нерационален страв од жив песок поради филмовите?
Во реалноста, ако случајно налетате на жив песок, нозете може да ви пропаднат, но горниот дел од телото ќе ви остане на површина.
Точно дека може да биде тешко да излезете, но нема да пропаднете како на филмовите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





