10 знаци дека вашата пријателка е токсична за вас (и треба да се оддалечите)

Го копира вашето однесување и стил, па дури и вкусот за партнер

Намерно или ненамерно, ако почнете да забележувате дека пријателката почнува полека да ви го „презема идентитетот“, ќе сфатите дека нешто не е во ред.

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-05.jpg

Прави непотребна драма и зборува само за вашите неуспеси

Секогаш ги преувеличува работите, посебно кога се работи за неа и сака да се претставува дека има куп проблеми со кои се справува, а вас секојпат ве потсеќа дека животот ви е пропаст, наместо да се фокусира на добрите работи. За што ви треба некој што зборува само за негативното од животот?

Пробува да биде подобра во секоја област и го претвора пријателството во трка

Кога и да кажете дека сте купиле нешто ново или сте резервирале некое патување, таа се фали дека си купила нешто поубаво и поскапо или дека ќе отпатува на погламурозно место. Никогаш разговорот не завршува со вашето и изгледа како трката за тоа кој е подобар никогаш не завршува што е изморувачко.

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-06.jpg

Постојано ве користи за своја цел, а не ви помага на вас

Не се срами да побара од вас каква било помош – од пари до тоа вашиот партнер да ѝ поправи нешто дома, а кога вам ви треба нешто, секогаш е недостапна, зафатена или не може да заврши работа.

Намерно ви дава лоши совети

Ве советува да облечете нешто во што ќе изгледате многу полошо само за таа да се истакне покрај вас, секогаш ве врти против партнерот на секоја ваша кавга дури и ако нема причина за тоа и прави сè што може за да изгледа како да ви мисли добро, а всушност ве наведува во лоша насока.

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-07.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg