8 секојдневни работи што му се забранети на Доналд Трамп, откако стана претседател
Не смее да вози, но и не смее да користи свој смартфон, од безбедносни причини.
Претседателите на САД имаат голема моќ и уживаат многу привилегии.
Но, истовремено, од безбедносни причини нив им се забранети некои секојдневни работи.
Кои работи што ги правиме (скоро) сите, им се забранети на американските претседатели?
Не смеат да возат
Сегашниот, но и претседателите на кои им поминал мандатот, не смеат да возат автомобил, од безбедносни причини.
Тие единствено можат да возат на приватен, затворен имот каде што има обезбедување.
А, низ годините неколку американските претседатели, вклучувајќи го и Обама, имаат изјавено дека најмногу жалат затоа што практично веќе не смеат да седнат зад волан.
Да користат комерцијални електронски уреди
Пред првиот мандат на Барак Обама, претседателите на САД воопшто немаа свој мобилен телефон, и овој пат од безбедносни причини.
Сепак, кога беше избран за претседател, Обама успеа да се избори и да си го задржи мобилниот телефон, но само под услов да го користи за разговори со најблиските, како сопругата и ќерките.
Потоа му беше доделен и iPad, но не онаков каков што можеме да купиме од продавница.
Apple направи специјален уред за претседателот следејќи посебни безбедносни протоколи, кој беше познат како ObamaPad.
Доналд Трамп, пак, во првиот мандат користел припејд телефони кои ги фрлал по кратка употреба.
За Џо Бајден е познато дека не можел да се оддели од својот паметен часовник, па добил посебен модифициран уред од Apple.
Не смеат да одат на приредби на нивните деца
За многу родители, приредбите што ги организираат градинките и училиштата се горди моменти.
Но, претседателите не смеат да одат на вакви настани, вклучувајќи и спортски натпревари.
Сепак, некои деца на поранешни претседатели учеле со приватни тутори во Белата куќа, бидејќи ова било поедноставно отколку да ги испраќаат на училиште со цел тим обезбедување.
Не смеат да блокираат луѓе онлајн
Најпрво, претседателите не смеат да користат социјални мрежи без надзор.
Од 2018-та, пак, важи правилото дека тие и не смеат да блокираат нечиј профил на која било социјална мрежа бидејќи ова се контри со правото на слободен говор кое е дел од американскиот устав.