Работи што не треба да ги правите во хотел – персоналот ги смета за неучтиви

Барате персоналот да ви завршува обврски

Освен ако не сте во луксузен, многу скап хотел, не можете да очекувате персоналот да се однесува како да ви се лични асистенти, дури и ако им нудите пари.

Не заборавајте дека тие се на работа и треба да се погрижат и за другите гости во хотелот, па не е во ред да ги терате да ви завршуваат обврски.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-hotel-personalot-gi-smeta-za-neuchtivi-06.JPG

Не кажувате веднаш ако има проблем со собата

Штом ќе влезете во собата, ако забележите каков било проблем, веднаш пријавете го на рецепција или кај некој од персоналот.

Не чекајте до последниот ден и на крај да се жалите за лошото искуство.

Задачата на персоналот е да ви го направи престојот што е можно поудобен и тие сакаат кога им кажувате кога има некој проблем.

Секако, во ваквите ситуации важно е и да бидете учтиви.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-hotel-personalot-gi-smeta-za-neuchtivi-07.JPG

Ги замолувате да внимаваат на вашиот миленик

Само затоа што хотелот дозволува миленици, не значи дека персоналот е должен да внимава на нив.

Вие самите сте одговорни за вашиот миленик и немојте да го оставате на рецепција или каде било и да барате некој од вработените да внимава на него.

Со ова им наметнувате преголема одговорност за која не се ни должни да ја преземат.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-hotel-personalot-gi-smeta-za-neuchtivi-08.JPG

Им поставувате лични прашања на вработените

Задачата на вработените во хотелот е да ве услужат, а притоа да бидат љубезни со вас.

Но, ова не значи дека тие сакаат да си разговараат со вас и да споделуваат лични детали.

Дозволете им да си ја вршат должноста професионално и барајте ги само за работи поврзани со престојот во хотелот.

Ако сепак сакате да направите пријателски разговор, држете се до теми како спорт или временска прогноза.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-vo-hotel-personalot-gi-smeta-za-neuchtivi-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg