Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации
Чистач на чевли
Ако ви понудат бесплатно чистење чевли во Истанбул, не прифаќајте.
Бидејќи, откако ќе заврши, чистачот сепак ќе ви побара пари.
Трик со фотографирање
Низ повеќе европски градови се забележани крадци кои им нудат на туристите да ги фотографираат.
Веројатно претпоставувате дека откако туристот ќе им го даде смартфонот (или фотоапаратот), крадецот бега.
Па, кога сте во друг град, најдобро е да се фотографирате сами.
Лажни питачи
Во некои европски градови има измамници кои се преправаат дека се питачи.
Обично се постари луѓе или бремени жени кои повеќето би ги сожалиле.
Но, кога ќе го извадете паричникот да им дадете пари, им покажувате каде ви стои, па крадците кои соработуваат со нив полесно ќе ви го украдат.
Трик со џепчии
Во некои градови, крадците ги лажат туристите дека виделе како некој им го украл паричникот.
Туристите веднаш проверуваат, и со ова им покажуваат каде им стои, па крадците полесно можат да го украдат.
Спирова С. | Црнобело