Кои правила ги следат агентите на Американската тајна служба кога го штитат претседателот?
Му прават друштво на претседателот кога оди на доктор, а некогаш и кога оди во тоалет
Поради големата опасност да биде нападнат и убиен, претседателот практично не може да биде сам ни на миг.
На пример, постојат гласини дека агентите му правеле друштво на претседателот Роналд Реган кога одел на лекар за колоноскопија.
Наводно, имало и ситуации каде што агентите им правеле друштво на претседателите и кога оделе во тоалет надвор од Белата куќа.
Мора да се способни да издржат без храна и сон
Агентите на Тајната служба не смеат да си дозволат нешто да им го одвлече вниманието додека се на работа.
Ова значи дека во некои ситуации, треба да издржат долги периоди без храна, а некогаш и без сон.
Поради ова, некои извори тврдат дека повеќето агенти не издржуваат подолго од пет години на оваа позиција бидејќи почнуват да чувствуваат последици по здравјето.
Не треба да му дозволат на претседателот да вози
Иако не постои закон што му забранува на претседателот да вози, агентите обично инсистираат тие да бидат зад воланот бидејќи така е побезбедно.
А, бидејќи и поранешните претседатели добиваат заштита од Тајната служба, доста често тие не возат ни откако ќе им помине мандатот.
Претседателот Обама има споделено анегдота за периодот додека беше во Белата куќа.
Бидејќи му недостасувало возењето, тој влегол во автомобил и почнал да го вози низ имотот околу Белата куќа.
А, агентите од Тајната служба толку се исплашиле, што веднаш наредиле да се затворат сите порти околу имотот во случај претседателот да посака да излезе на автопат.
„Тоа беше моето возење. Три круга околу паркингот. Беше лудо“, се пошегува претседателот во шоуто на Џеј Лено.
Спирова С. | Црнобело