Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните
Џастин Бибер е рептил
Покрај клоновите, постои теорија на заговор дека некои славни личности се рептили.
Всушност, овој мит е распространет за бројни личности, вклучувајќи и моќни политичари и владетели како кралицата Елизабета.
И, наводно, овие рептили управуваат со светот.
Интересно е што некои луѓе тврдат дека во 2017-та, Џастин за миг се претворил во рептил и тоа им бил доволен доказ да веруваат во теоријата на заговор.
Елитата во Холивуд пие крв од деца
Многу познати личности имаат изјавено дека еден од најсериозните проблеми во Холивуд е педофилијата.
Всушност, огромен број ѕвезди самите биле жртви во детството и тинејџерските години. И, ова е веќе јавна тајна.
А, најверојатно митот за пиењето крв од деца потекнува одовде – некои актери користат метафори кога зборуваат за педофилијата.
На пример, Мел Гибсон има изјавено:
„Во Холивуд владее педофилија. Децата се искористени и малтретирани… Холивуд е накиснат со крвта на невини деца“.
Но, интересно е што наводно некои актери директно кажувале дека елитата пиела крв од деца.
Според непотврдени извори, Џим Кери имал изјавено:
„Холивудската елита јаде бебиња за Божиќ“.
Сепак, не е познато каде тој го кажал ова и голема е веројатноста дека е измислица.
Притоа, сите слични изјави на славните потекнуваат од еден веб-сајт кој е познат по ширењето дезинформации.
Били Ајлиш не се прославила сама
За разлика од останатите теории на заговор, оваа е пореалистична.
Били Ајлиш почна да се прославува на платформата SoundCloud, каде што објавувала песни што ги снимале со нејзиниот брат.
Со текот на времето, сè повеќе и повеќе луѓе ги слушале нејзините песни на платформата, па таа успеа да издаде албум и денес важи за светска ѕвезда.
Односно, таа се појави практично од никаде и почна да доминира на музичката сцена.
Но, според оваа теорија на заговор, воопшто не е точно дека Били се прославила сама.
Односно, тоа е приказна што ѝ се сервира на јавноста, додека зад песните на пејачката, вклучувајќи ги и најпрвите од SoundCloud, сепак стојат моќни продуценти.
Не е познато која би била причината за ова, но оние кои ги побиваат шпекулациите сметаат дека ретко кое моќно студио би трошело време и пари за да прослави непознат артист.
Спирова С. | Црнобело