Како изгледале овошјето и зеленчукот во минатото, пред да бидат култивирани?
Краставица
Краставиците потекнуваат од Индија, а биле култивирани и во други делови од Азија пред најмалку 3.000 години.
Се претпоставува дека првите, диви краставици имале многу горчлив вкус, а и поголемиот дел од плодот бил со семки.
Авокадо
Авокадото било култивирано пред повеќе од 5.000 години и најверојатно потекнува од Мексико и Гватемала.
А, тогаш плодот бил многу поразличен од она што го купуваме денес.
Семката била многу поголема, а делот што се јаде бил многу тенок слој околу неа.
Домати
Доматите потекнуваат од американскиот континет, особено во областа на Мексико.
Во минатото, тие биле многу помали и наликувале на бобинки.
Интересно е што Европјаните долго време мислеле дека доматите се отровни, па ги одгледувале како украсни растенија.
Спирова С. | Црнобело