Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации
Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секогаш знаат сè и затоа мора да ги слушаме. Кои сфаќања се застарени и денес се сметаат за некултурни?
Колкупати ви се случило да се најдете во ситуација да реагирате под влијание на застарените сфаќања што ви ги наметнале од мали, иако знаете дека денес веќе се некултурни?
Кои работи во минатото беа сосема нормални, а денес се сметаат за некултурни, па дури и неприфатливи?
Погледнете ги следните илустрации и ќе сфатите колку навистина ни се променил животот во последните 50-тина години:
Жените се стекнаа со финансиска независност
Пред 1974-та година во САД и во голем број други земји, жените не можеле да подигнат кредитна картичка или кредит на свое име и морале да зависат од машки жиранти (старатели) за да добијат финансиска поддршка.
Потоа биле донесени закони со кои на кредиторите им било забрането да вршат дискриминација врз основа на пол, раса, религија, национална припадност или брачна состојба.
Ова им овозможило на жените да добијат поголема финансиска независност.